„Најмногу сакам плави, па ако си за ајде…“ – претседателот на францускиот фудбал во секс скандал

Претседателот на француската федерација Ноeл ле Гре се најде во центарот на секс скандал и е цел на оптужба за сексуално вознемирување, откриваат тамошните медиуми. 80-годишникот кој е на чело на „куќата на фудбалот“ повеќе од една деценија упатувал вознемирувачки пораки до соработничките.

Однесувањето на Ле Гре било причина за отказ на голем број жени во федерацијата, а не му помогнал ниту „љубовта“ кон алкохолот. Медиумот „Со фут“ открива дел од нив.

„Најмногу сакам плави, па ако си за ајде…“

„Многу си убава, сакам да бидам во кревет со тебе“, се само дел од вознемирувачките пораки.

Ноeл ле Гре засега се нема огласено за скандалот, a Министерот за спорт на Франција одби да говори за медиумите.

 

Се вчитува...