Френки де Јонг во јануари повторно на продажба

Барселона ова лето не успеа да се ослободи од услугите на Френки де Јонг, а ќе се обиде да го испрати Холанѓанецот надвор од „Камп Ноу“ и во следниот преоден рон. Големата плата на 26-годишникот е преголем проблем за каталонците кои и покрај тоа што успеаја да се справат со финансиите мораат да пазат на финансискиот фер плеј и во иднина.

Де Јонг ја засили Барселона во ерата на Роналд Куман, а тогашниот претседател Жозеп Бартомеу го направи најплатениот играч во тимот со годишна плата од 18 милиони евра и неверојатни 88.58 милиони евра за последните четири години од неговиот договор. Тоа создава сериозни проблеми во распреселбата на средствата, нешто за што говореше и претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Најактивен во преговорите со Барселона беше Манчестер Јунајтед, но холанѓанскиот репрезентативец го одби трансферот со цел да се натпреварува во Лигата на Шампионите. Како опција се јавуваше и Челси кој сеуште мака мачи во средината на теренот па нема да биде изненадување доколку „сините“ повторно „загризаат“ за еден од најперспективните играчи.

Се вчитува...