Челси тргнува по примерот на Сити: Боели ќе купува клубови ширум светот за развој на таленти

Новото раководство на Челси на чело со Тод Боели продолжува со промените на структурата на клубот. По ангажманот на првиот тренер во ерата на Американецот наскоро се очекува и нов спортски директор, а „сините“ нема да запрат тука.

Следејќи го примерот на групацијата „Сити“ која во Европа е поврзана со клубови како Троја, Гирона, Палермо, во Австралија со Мелбурн Сити, уругвајскиот легендарен клуб Монтевидео, јапонскиот Јокахома Маринос, како и Њујорк Сити, Боели цели кон купување на клубови ширум светот за фомирање на своја групација.

Истите ќе го олеснат начинот на скаутирање на таленти ширум светот и ќе служат за равивање на млади играчи кои нема да треба да се приклагодуваат на разни средини на млада возраст.

И покрај успехот во Лигата на Шампионите во 2021 година, проценката на раководството е дека во моментот клубот е далеку од нивото на Манчестер Сити. Следејќи го примерот на богатите газди на „граѓаните“, лондонскиот клуб ќе продолжи со промените во стрктурата на клубот за успех на долги стази.

Се вчитува...