Емил Рајковиќ и ЦСКА Москва со победа над Бураспор го завршија турнирот во Турција

Македонскиот стратег Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва со победа над Бураспор од 71-82 го завршија тренинг турнирот во Турција каде покрај со минатогодишната сензација на Еврокупот силите си ги одмерија и со Анадолу Ефес и Тофаш.

Средбата против актуелниот европски шампион заврши си минимален пораз од 77-76, додека на дуелот против Тофаш немаше победник. Претходно рускиот гигант забележа победи и против руските состави Самара и Улармаш.

Се вчитува...