Репрезентативците на Босна и Херцеговина го кренаа гласот откако нивната федерација договори пријателски натпревар со „непосакуваната“ Русија, а не требаше долго Русите да одговорат на незадоволството на ѕвездите на поранешната југословенска држава.
Говорејќи за медиумите во Русија, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Андреј Канчелскис изјави дека Русија не треба да понижува и доколку Босанците не сакаат да играат против „зборнаја“ не треба повеќе да се говори на оваа тема.
„Нема потреба да ја праќаат репрезентацијата на Босна и Херцеговина, бидејќи Русија не треба да се срамоти пред нив. Не сакате да играте со нас? Тогаш не е потребно да играте со нас. Навистина грдо однесување поради политиката. Ако се плашат од нас, воопшто нема потреба да играме. Русија мора да престане да се понижува и да оди на ниво на Босна и Херцеговина. Која е поентата? Да играме против Аргентина, против Меси. Или против Колумбијците или Бразилците“, изјави Канчелскис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

