Потер: Чест ми е да го тренирам Челси, сега имам нов предизвик во мојата кариерата!

Грем Потер се согласи на нов предизвик во својата кариера, па пред неколку дена и официјално стана нов менаџер на Челси, каде ќе го наследи Томас Тухел.

Потер во последните неколку години до голем успех го водеше Брајтон, па беше за очекување дека ќе пристигне понуда од голем клуб.

Менаџерот се одлучи да го напушти Брајтон кога пристигна понудата од Челси и смета дека го направил вистинскиот потег.

„Ова беа одлични три години во клубот, години кои ми го променија животот. Некогаш во фудбалот работите се случуваат спонтано, па не можете да бидете подготвени за тоа. Во овој момент од кариерата, трансферот во Челси го сметам за голема чест и привилегија, подготвен сум да одговорам на овој предизвик и чекорите кои ми следуваат во новиот клуб“, истакна Потер.

Се вчитува...