Карлос Алкараз е победник на УС Опен, откако го совлада Каспер Руд со 6-4, 2-6, 7-6, 6-3. Така Шпанецот стана прв тенисер во светот и е најмладиот светски рекет број 1 во историјата со 19 години и четири месеци.
Во најбитните моменти од мечот, како тај-брејкот на третиот сет и почетокот на четвртиот, Шпанецот покажа конзистентност и користејќи ја втората меч-топка стигна до трофејот од УС Опен. Карлос имаше пад само во вториот сет, кога двапати го загуби својот сервис, но тоа не му се одрази на конечниот исход.
Алкараз доминираше во секој поглед на статистиката, во бројот на директни поени и помалиот број технички грешки, преку процентот на успешност и на првиот и на вториот сервис.
Руд вторпат губи Грен слем финале оваа година, откако на Ролан Гарос во три сета загуби од Рафаел Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

