Нов доказ: Јувентус ограбен, Бонучи за пола метар не беше во офсајд

Супердраматична беше завршницата на дуелот меѓу Јувентус и Салернитана, на кој Милик во 95. минута постигна гол за победа на „старата дама“, што потоа беше поништен со ВАР поради наводен офсајд на Бонучи.

Сепак, се појавија нови докази со кои е јасно дека судиите го ограбија Јувентус, бидејќи капитенот на Јуве за половина метар не е во офсајд. Превидот се однесува на фактот дека при гледањето на снимката судиите се осврнале само на играчите во петерецот, но Кандрева при самиот корнер се наоѓа далеку пред Бонучи.

ТВ-аналитичарите со помош на компјутерска технологија пресметаа дека Кандрева во моментот на ударот на Милик се наоѓа на 2,9 метри од голот, додека Бонучи е на 3,42 метри.

Огромен „кикс“ кој го чини најтрофејниот италијански клуб два бода…

Се вчитува...