Поцеко: Со елиминацијата на Србија го шокиравме светот, ова e најголемата победа на Италија во историјата

Кошаркарската репрезентација на Италија со победата над Србија го приреди најголемото изненадување на актуелното Европско првенство.

Момент кој што остави трага во шокантната победа на „аѕурите“ над српската репрезентација беше исклучувањето на Џанмарко Поцеко во третата четвртина.

Токму овој играч даде свој коментар за чудото во Берлин:

„Со овој триумф го шокиравме светот. Каква голема работа завршивме против голем фаворит. Ова е веројатно најголемата победа во историјата на италијанската репрезентација. На второ место е полуфиналето од 2004 година. Сè уште играв тогаш, тоа се случи во Атина на Олимписките игри. Сите мислат дека тоа е нашиот најдобар натпревар во историјата, но натпреварот со Србија беше многу подобар. Игравме со срце“, изјави 49-годишниот тренер.

По триумфот над „орлите“, електор на Италија се гордееше со успехот на своите играчи. Италија победи со 94-86, а во четвртфиналето противник ќе ѝ биде Франција.

Се вчитува...