Рајковиќ за импресиите од Турција: Напредуваме од ден во ден…

Македонскиот стратег Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва во пресрет на новата сезона настапија на силни подготовки во Турција каде за противници ги имаа Тофаш, Анадолу Ефес и Бураспор. Епилогот од овие натпревари е една победа, еден нерешен натпревар и еден пораз.

Говорејќи за клупскиот сајт, Македонецот изрази задоволство од времето поминато на турската ривиера, поготово од последниот натпревар против сензацијата на минатогодишната сезона во Еврокупот на кој беше забележана победа.

„Одигравме три натпревари во шест дена со еден ден слободен и тоа беше тешко за играчите, но мислам дека во третиот натпревар покажавме организирана кошарка во однос на одбраната и нападот. Имавме добар проток во нападот и тоа е нешто што е многу позитивно. Ми кажав на дечките да продолжиме да работиме вака, да напредуваме секој ден и ќе бидеме на нивото кое го посакуваме кога ќе биде потребно“, вели Рајковиќ.

 

Се вчитува...