Џудистката Теа Настоска се закити со бронза во Турција

Репрезентативка на Македонија во џудо, Теа Настоска инаку член на ЏК Сеишин Прилеп го освои 3-то место во Турција. Истата демонстрира одлично џудо и упсесите кои ги нижеше во континуитет ги круниса со Балканска бронза што е прв медал и за ЏФСМ оваа година од поголемите меѓународни настани оваа година.

Балканско Првенство во џудо изминатиот викенд се одржа во Кочаели Турција во организација на Балканската џудо асоцијација и техничка организација на Турската џудо федерација на 10 и 11 септември.

Селектор на кадетската селекција Дејан Мицкоски потенцираше дека оваа е само почеток со оглед дека Теа е прва година Кадетка и пред неа пред неа претстојат уште многу натпревари, кампови и подготовки.

Се вчитува...