ЛШ: Натпреварот меѓу Ренџерс и Наполи ќе се игра еден ден подоцна и без гостински навивачи

Дуелот помеѓу Ренџерс и Наполи во Лигата на шампионите е закажан да програмта да се одигра еден ден подоцна и без гостински навивачи. Првично овој меч требаше се игра утре, меѓутоа после консутлација со полицијата, Ренџерс и УЕФА одлучија тој да биде поместен за ден подоцна, односно за среда, 14. септември.

Дополнително е донесена одлука натпреварот да се игра без гостински навивачи. УЕФА потврди дека ваквата одлука е донесена поради лимитарниот број на полиција која има работа и околу активностите кои ги донесе cмртта на Кралицата Елизабета.

Останатите наатпревари во кои играат британски екипи ќе се играат во предвидениот термин.

Се вчитува...