Томас Саторански нов рекордер на Евробаскетот

Томас Саторански пропушти дел од натпреварите во групната фаза од Евробаскетот 2022 поради повреда, но го ја предводеше чешката репрезентација во натпреварот од осминафиналето во разигрувањето за медал.

Чесите не успеаја да ја совладаат Грција во натпревар во кој на моменти Чешка беше и подобар противник, а за тоа најзаслужен беше новиот бек на Барселона. Саторански забележа 17 асистенции со кои постави нов рекорд на континенталниот собир.

Се вчитува...