Екс-репрезентативецот на Шпанија, Диего Коста, официјално врати во Премиерлигата и денеска Вулверхемптон го промовираше за свој нов член.
Коста доаѓа да ја засили наопаѓачката позиција откако 18 милиони евра вредното засилување од Штутгарт, Саша Калајџиќ ги повреди лигаментите на коленото, а мексиканскиот репрезентативец Раул Хименез има повреда на слабините.
Шпанецот потпиша едногодишен договор со англискиот премиерлигаш, кој денеска го презентираше со видео на кое напаѓачот шета волци.
„Тој е роден победник со богато искуство на највисоко ниво. Диего ќе донесе нешто единствено во нашата соблекувална и на теренот“, изјави Џеф Ши, првиот човек на Вулфс.
Коста играше за Челси од 2014 до 2017 година и даде 59 гола, а освои две премиерлигашки титули.
It’s official. ✍️ pic.twitter.com/FXcgReSlsr
— Wolves (@Wolves) September 12, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

