Хајдук од Сплит објави дека спогодбено се разделува со досегашниот тренер Валдас Дамбраускас, а за нов кормилар и шеф на македонскиот репрезентативец во белиот дрес Јани Атанасов ќе биде Мислав Кароглан, кој досега беше помошник кај „билите“.
Кароглан работеше како помошник во стручниот штаб кај последните два тренери на Хајдук, па сега добива доверба сам да го води клубот.
Дамбраускас си заминува после неполна година откако во ноември лани дојде на „Пољуд“, тој во 38 меча запиша 23 победи, 8 ремија и седум порази, а го донесе трофејот во Купот после победата во мај во финалето против Риека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА