Македонската скајранинг репрезентација со супер резултат на СП во Италија

Македонската репрезентација во скајранинг (екстремна форма на планинско трчање), со одличен успех настапи на седмото Светско првенство кое се одржа на Алпите во Италија.

На првенството учествуваа 35 национални тимови, со вкупна бројка од над триста спортисти распоредени во три дициплини: вертикален километар (искачување на 1.000 метри денивелација), скај-класик (29 километри со 2.200 висински метри) и скај-ултра (58 километри со 3.500 висински метри).

Нов светски шампион е домаќинот Италија со освоени 908 бодови, пред второпласираната Шпанија и третопласираната Јапонија.

Македонскиот национален тим броеше седум спортисти и сите дадоа значаен придонес во освоените 136 бодови со кои се пласиравме на 20. место од 35 земји учеснички. За издвојување се одличните резултати на Елена Ртоска (20. место ВК, 22. место скај-класик) и Дејан Ангелоски (22. место ВК), а успешни настапи и пласман во бодови имаа сите останати наши претставници: Никола Илиевски, Вера Урдаревска, Ивана Пекевска, Антонио Каранфилоски и Александар Кирковски.

Ова е второ учество на македонска репрезентација на Светско првенство, а имаме успешени настапи и на две Европски и едно младинско Светско првенство.

Се вчитува...