Милер: Добив предупредување од Мане – Ми рече по грешка да му не му подадеш на Левандовски!

Баерн Минхен и Барселона ги чека мега дуел во европскиот фудбал, а нивната пресметка утревечер, во 2. коло од Лигата на шампионите носи посебен шмек.

Главната причина е ваќањето на Роберт Левандовски во Минхен, нецели два месеца, откако замина во Каталонија.

На прес-конференцијата пред утрешниот меч неизбежно беше да зборува и за својот пријател, Левандовски, Милер па откри како се одвива атмосферата во нивниот табор на таа тема.

„Садио се шегуваше со мене, ми велеше да не му ја подадам топката на Левандовски, по грешка. Но ние мора да си ја играме нашата игра утревечер и да не се фокусираме премногу на Леви. Нашата врска на теренот растеше се повеќе низ годините. Но, сега имаме повеќе играчи во нападот со различни квалитети, а не еден главен напаѓач. Противниците не знаат од каде би дошла закана и мора да го искористиме тоа во наша предност“, изјави Милер.

Се вчитува...