Многу од екипите имаат, речиси, полни стадиони, а висока исполнетост достигаат и најголемите, како „Камп Ноу“.
Во шпанските медиуми излезе табела со најпосетени садиони од почетокот на сезоната 2022/23 и на врвот на листата е „Камп Ноу“ со 82.538 гледачи по натпревар. На второто место е стадионот на Борусија Дортмунд со 80.677 гледачи во просек, а трет е Баерн Минхен со својата „Алијанц арена“ со нешто над 75.000. Листата со топ-10 ја дополнуваат стадионите на Манчестер јунајтед, Милан, Интер, Олимпик Марсеј, Шалке, Вест Хем и на Тотнем.
Капацитетот на стадионот на Барселона е 99.354 гледачи, така што овој просек од 82.538 е нешто над 83 проценти исполнетост.
Од друга страна, за секоја пофалба се германските клубови и не само трите кои се најдоа на оваа листа. Нивните стадиони се помали и бројот на гледачи е, најчесто, блиску до максимумот. Во случајот на Шалке, дури, сите домашни натпревари кои ги играл сезонава се стопроцентно распродадени, а не се далеку ни Борусија и Баерн. Кој знае, тие да имаа на располагање стадион како „Камп Ноу“, дали секој викенд ќе имаше близу „стотка“ гледачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА