Фирмињо на „мета“ на Интер

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмињо е на „мета“ на италијанскиот гигант Интер. Фирмињо иако ова лето остана во клубот, сепак падна во втор план, па сериозно размислува да ја промени средината.

Клоп сака да го задржи по секоја цена бидејќи верува дека ќе му биде корисен на тимот, но договорот на Фирмињо истекува на крајот на сеозната.

Интер сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе како слободен агент следното лето.

„Нероаѕурите“ на лето ќе се разделат со Един Џеко, а Ромелу Лукаку најверојатно ќе се врати во Челзи, па Фирмињо ќе има голема минутажа.

Се вчитува...