Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да ја мине последната квалификациска пречка за влез во главната фаза на ВТА турнирот во Порторож, Словенија.
Лина е поразена од Тара Вурт од Хрватска, ривал кого го надигра во првиот сет со 6-2. Меѓутоа Лина имаше проблеми во продолжението затоа што Тара заигра подобро, поквалитетно и со 6-2 и 6-1 успеа да ги мине квалификациите на овој турнир.
Претходно Лина ја совлада Ангелина Габуева од Русија со 2-1 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

