Шампионот на Италија, Милан ова лето беше силно заинтересиран за игачот на Астон Вила и бразилскиот репрезентативец, Даглас Луиз.
Луиз влезе во последната година од договорот и сака да ја промени средината, па одби продолжување на договорот.
„Росонерите“ сакаат да го донесат играчот без обештетување на лето и уште во јануари да потпишат преддоговор.
Меѓутоа, сега во траката за потписот на Бразилецот се вклучи Јувентус, кој е спремен да го „украде“ играчот пред носот на „росонерите“.
Јувентус наводно му нуди повисока плата доколку следното лето пристигне во Торино како слободен агент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА