Шокантно тврдење на Л’Екип: Мбапе не потпишал со ПСЖ на три години!?

Ова лето сагата околу Килијан Мбапе заврши со потпис на нов договор. ПСЖ објави дека нивната „ѕвезда“ ставила потпис на нов тригодишен договор со важност до 2025 година. Меѓутоа сега „Л’Екип“ наведува дека договорот е на две години, со опција да се продолжи на уште една. А, таа опција би се активирала само доколку францускиот напаѓач одлучи да остане.

Л’Екип ова го тврди во текстот под наслов: „Клијан Мбапе, договор кој на ПСЖ може да му направи проблем во 2023“, додавајќи дека неговата иднина во ПСЖ може да биде под знак прашалник.

„Марка“ додава дека новата ситуација целосно ги менува работа кога станува збор за трансферот во Реал Мадрид, кој може да го доведе многу порано од што се мислеше. Траењето на договорот наводно и ги успорила преговорите. Клубот сакал долгогодишно да го врзе својот фудбалер, додека Мбапе инсистирал на краткорочно решение, за во секој момент да може да замине.

Мбапе оваа сезона има девет голови во седум натпревари. Се шпекулира дека претседателот на Реал Мадрид наводно „кренал раце“ од ангажман на Мбапе, но оваа ситуција ги менува работите, па нема да биде изненадување доколку „кралевите“ тргнат по неговиот потпис во 2023 година, односно на една година пред истекот на договорот.

Се вчитува...