Реал Мадрид уште од сега размислува за нов тренер, иако на искусниот Карло Анчелоти му истекува договорот со „кралскиот клуб“ во 2024 година. Италијанскиот стручњак најави дека по завршување на актуелниот договор, заминува во пензија и нема повеќе да работи како тренер.
Реал Мадрид го „мерка“ Томас Тухел како наследник на Анчелоти за две години. Германецот остана без работа откако доби неочекуван отказ од Челси поради слабиот старт на сезоната во Премиерлигата и поразот од Динамо Загреб во првото коло во Лигата на шампионите.
Тухел би бил идеалното решение за наследник на Анчелоти, и покрај тоа што тука постојат уште многу опции, кои до тогаш би биле отворени. Германецот сега е во потрага по нов ангажман, а останува да се види дали ќе го чека Реал, или ќе се посвети на некој друг клуб. Од Германија, пак, последните информации говорат дека Тухел ќе излезе како најголем победник од „хаосот“ во Баерн.
Имено, во таборот на „Баварците“ се поголемо е незадоволството од работата на Јулијан Нагелсман, со оглед дека под негово водство Баерн не доминира онака како што доминираше, па веднаш се споменува Тухел како негов наследник и тоа до почетокот на Мундијалот во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

