Рајо Валекано по пет одиграни средби во новата сезона во шпанското првенство успеа да освои седум бода со што се наоѓа на добар пат да го повтори минатогодишниот успех. А, за тоа клубот за кој брани Столе Димитриевски ќе може да смета на услугите на Раул де Томас, но сепак од јануари со оглед на тоа што договорот е постигнат по завршување на преодниот рок.
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Бенфика и Еспањол ова лето беше трансфер цел и на Манчестер Јунајтед, но шпанскиот и англискиот клуб не успеаја да се договорат, па на крајот 27-годишниот ќе се врати на добро познатото место каде настапуваше од 2017 до 2019 година како позајмен играч. На 66 одиграни натпревари тогаш постигна 38 гола.
Де Томас на 81 одигран натпревар во Ла Лига постигна 35 гола со што е јасно дека Рајо Валекано кој оваа сезона постигна само пет гола добива прав голгетер во своите редови.
OFICIAL | @RaulDeTomas9 es nuevo jugador del Rayo Vallecano. Acuerdo hasta el final de la temporada 2026-27.
¡Bienvenido de nuevo a casa!#VuelveRDT ⚡ pic.twitter.com/bZosHzDzJ6— Rayo Vallecano (@RayoVallecano) September 13, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА