Лудило без граници: Интернет сензацијата Хазбула потпиша договор со УФЦ, ќе биде поплатен од борци

Интеренет сензацијата Хазбула Магометов потпиша петгодишен договор со УФЦ, пренесуваат европските медиуми. Рускиот блогер во последните години стана хит на социјалните мрежи со неговите видеа, а популарноста му донесе и средба со Шекил О’Нил.

Хазбула со години е дел од УФЦ спектаклите, а од сега ќе има и активна улога. Тој бар засега нема да се бори, туку ќе настапува меѓу борбите, а за тоа ќе биде поплатен и од низа славни борци.

„Хасбик потпиша петгодишен договор со УФЦ! Засега во план е посета на турнири и медиумска активност. За сумите нема да зборуваме детално, но тие се такви што многу борци не добиваат толку многу. Нема да има борби засега, но…“, стои во објавата на Игор Лазорин, новинарот кој специјализира за боречките спортови.

 

Се вчитува...