Масимо Мауро, поранешниот напаѓач на Јувентус, даде супер-интересна теорија за воведувањето на ВАР технологијата во фудбалот. Приказната започна по кардиналната грешка на ВАР-собата, кога на Јувентус му беше поништен чист гол на натпреварот од Серија А против Салернитана за победа од 3-2 во последните моменти од натпреварот.
Милик со глава ја погоди противничката мрежа, но голот беше поништен бидејќи Бонучи наводно бил најблиску до противничкиот голман и го спречил навреме да реагира.
Сепак, целосната слика не е прикажана во просторијата бидејќи се гледа еден играч на Салернитана, кој е веднаш до корнер знаменцето, па не станало збор за офсајд. Револтираниот Мауро убедува дека сè е дел од заговор против „Старата дама“.
„ВАР е измислен за да го запре Јувентус да освои повеќе титули. Пред воведувањето на ВАР, Јувентус четири последователни години беше најдобар во Италија. Се направи се’ за Јувентус повеќе да не биде шампион“, изјави Мауро.
По натпреварот се огласи и капитенот на Јуве, Бонучи, кој истакна дека неговиот тим е ограбен, но дека сиот бес треба да го насочат кон натпреварот од Лигата на шампионите против Бенфика во среда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА