Возачот на Вилијамс Алекс Албон, минатиот викенд не беше присутен на Монца затоа што имал проблеми со слепото црево. Меѓутоа рутинската операција одеднаш се претворила во „кошмар“, па така медиумите во Велика Британија пишуваат дека Албон дури се борел за својот живот.
Викендов бил подложен на операција, но имал компликации после операцијата, меѓутоа за среќа, лекарите навреме реагирале. Веднаш бил ставен на машина за кислород, и префрлен на интензивна нега. Ова го потврдија и од неговиот тим.
„После операцијата, Алекс имаше неочекувани постоперативни компликации со анестезијата кои доведоа до респораторна инсфуциенција. Тоа е позната, но ретка компликација, по што беше повторно интубиран и префлрен на интензивна нега. Сега веќе е исклучен од респираторна машина, и нема други компликации“, се вели во соопштението на Вилијамс.
Албон се очекува да учествува на следната трка во Сингапур на 2. октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА