Легендарниот Германец Лотар Матеус по повеќе од десет години се врати на тренерската работа. Матеус не е тренер од 2011 година, кога го напушти кормилото на бугарската репрезентација.
Германецот ги презеде најмладите категории на клубот Грунвалд во близина на Минхен, каде тренира и неговиот син Милан
„Тие немаа тренер, па решив да се грижам за тие момчиња. Повеќето од нив не знаат ниту да врзат врвки. Веќе им кажав на нивните мајки како да ги учат да врзуваат патики, тоа го знаев на пет години“, изјави Матаус.
Во својата кариера овој 61-годишен тренер беше тренер на Рапид Виена, Партизан, Атлетико-ПР, Макаби и селекциите на Унгарија и Бугарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

