Поцеко за најлудиот потег на Европското првенство: Извини Јанис, пресреќен бев (ВИДЕО)

Најлудиот човек на Евробаскетот 2022, Џанмарко Поцеко му се извини на Јанис Адетокумпо за најлудиот потег на континенталниот собир. По победата над Србија, италијанскиот стратег му се фрли в прегратки на „грчкиот фрик“ откако го начека во арената, а видеото стана хит на социјалните медиуми.

Говорејќи за потегот, младиот Италијанец открива дека му се извинил на НБА ѕвездата, а објасни дека станувало збор за еуфорија.

„Извини Јанис уште еднаш. Па секако дека му се извинив. Бев пресреќен дека победивме“. 

Се вчитува...