Сезоната 2022/23 во Првата кошаркарска лига ќе започне со натпреварот помеѓу освојувачот на првенството и Купот на Македонија за кои се очекува да бидат главни фаворити за трофеј и во новата сезона. МЗТ Скопје и ТФТ покрај натпреварот во Суперкупот ќе бидат во центарот на вниманието и на првата рунда од првенството, одлучи денешната ждрепка.
Покрај овие натпревари ќе бидат одиграни и средбите помеѓу: Куманово – Чаир 2030, Академија ФМП – Кожув, Гостивар – Пелистер, Струмица – Еуро Никел и Работнички – Феникс 2010.
Првото вечно дерби ќе биде одиграно во третото коло кога нашиот најтрофеен клуб ќе го пречека актуелниот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

