Нова тренерска смена во Серија „А“: Монца го „шутна“ Стропа

Уште една тренерска смена во Серија „А“ од почетокот на сезоната. После Синиша Михајловиќ кој не е повеќе тренер на Болоња, сметката за слабите резултати ја плати и Џовани Стропа од Монца.

Челниците на овој клуб немаа трпение кон тренерот, кој успеа да ги внесе во „елитата“ и само после шест кола му врачија отказ. Парадоксално е тоа што отказот доаѓа после првиот, и засега единствен освоен бод на Монца викендов, кога одигра 1-1 со Лече.

Меѓутоа сопственикот Силвио Берлускони немаше милост, и смената доаѓа пред се поради шесте порази во низа претходно. Клупата на Монца ќе ја води Рафаел Паладино, досегашниот тренер на младинците на оваа екипа.

Се вчитува...