Шпанија ја победи Финска и стана прв полуфиналист на Евробаскетот

Шпанија е првата селекција која се пласираше во полуфиналето на Евробаскетот. Шпанците ја совладаа Финска со 100-90, благодарение на одличната игра во второто полувреме.

По првиот дел Финците имаа +9, и се најавуваше изненадување. Но “Фуријата” третата четвртина ја добија со 30:15, а во последната само ја зголемија разликата.

Марканен беше најефикасен на средбата до 28 поени, а Вили Хернангомес кај Шпанија постигна 27.

 

Се вчитува...