Посебен момент утре за капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми. Македонскиот репрезентативец го игра 100-тиот натпревар во Европа за „модрите“, и тоа токму против италијанскиот првак Милан на прекрасниот „Сан Сиро“.
Вечерва на прес-конференцијата пред мечот, Адеми истакна надеж дека овој јубилеј на крајот ќе биде сочинет со победа на Сан Сиро, стадион од кој самиот Адеми е воодушевен.
„Посебен момент за мене, се надевам дека ќе биде на крајот и резултатот посебен за нас и дека ќе оствариме победа. Ќе играме со еден силен тим како што е Милан, но доколку ние одиграме како што беше против Челси, имаме право да се надеваме на добар резултат. Воодушевен сум од овој стадион. „Сан Сиро“ е прекрасен стадион, игравме тука против Аталанта, имаше одлична атмосфера, верувам дека така ќе биде и утре, но верувам дека на крајот ќе се радуваат нашите навивачи“, изјави Адеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

