Кире Ристевски нов фудбалер на Пјуник

Трет играч од Македонија во овој преоден рок потпиша за Пјуник. После Марјан Радески и Стефан Спировски, нов член на ерменскиот првак е Кире Ристевски. Тој во ерменскиот тим доаѓа од кипарски АЕЛ Лимасол, а исто така беше поврзуван и со „кам-бек“ во Ујпешт.

Клубот засега не објави на колку време е соработката со македонскиот репрезентативец.

Ристевски во минатото беше дел од Пелистер, Работнички, Елбасан, Билиш Балш, Тирана, Славија, Вашаш и Ујпешт. За македонскиот национален тим има 57 натпревари.

Се вчитува...