Интер лесно дојде до првиот триумф во групната фаза во Лигата на шампионите, откако вечерва го совлада тимот на Викторија Плзен со 0-2. Един Џеко беше творецот на победата на „нероазурите“ со гол и асистенција.
Репрезентативецот на БИХ првиот гол го постигна во 20. минута на додавање на Кореа, додека во 70. минута, во миговите кога Интер имаше играч повеќе на теренот, Дамфрис постигна втор гол за конечни 0-2.
Со оваа победа барем за момент тренерот Симоне Инзаги си „купи“ малку мир, со оглед дека се шпекулираше за негова смена по серијата на слаби резултати во Италија.
Тотенхем го доживеа првиот пораз во ЛШ, откако вечерва загубија од Спортинг. Победата беше остварена во судиското надополнување. Паулињо најпрво погоди за водство, за потоа Гомез да погоди за конечни 2-0 за Спортинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

