Новиот спортски директор на Челси доаѓа од Салцбург

Спортскиот директор на Салцбург, Кристоф Фројнд, би можел да направи „трансфер“ во англиски Челси. Преговорите се во завршна фаза, и според информациите сопственикот Тод Бојли е голем фан на моделот на австрискиот првак.

Доколку не успее да го доведе Фројнд, тогаш втори кандидат е Пол Мичел од Монако.

Во ерата на Фројнд, за Салцбург играа многу добри играчи, кои сега „жарат“ во силните првенства како што се Ерлинг Халанд, Доминик Собослаи, како и Конате, Шешко, Адејеми, Аронсон, Дака, Дабур, Самасеку, Лајнер, Шлагер, Хајдара и многу други играчи.

Се вчитува...