„Машинеријата“ на Баерн ја „сомле“ Барселона, Ливерпул до тешка победа над Ајакс

Баерн Минхен дојде до триумф над Барселона во дербито на вечерашното 2. коло во Лигата на шампионите. Враќањето на Левандовски во Минхен беше поразително, со оглед дека најпрво пропушти да донесе водство за својот тим, а потоа Полјакот и неговиот тим примија два гола во вториот дел и го загубија натпреварот. Ливерпул тешко стигна до победа над Ајакс, Баер Леверкузен го совлада Атлетико Мадрид, а изненадување направи Бриж кој го совлада Порто со убедливи 0-4.

Откако во првиот дел Барселона промаши водство, па дури да води и до 2-3 разлика, следуваше консолидација на Баерн во вториот дел и два брзи гола. Се играше 50. минута кога Хернандез со глава го совлада Тер Штеген. По изведен корнер, Французинот ја „закова“ топката во голот на Барселона. Четири минути подоцна Сане со одличен дриблинг елегантно го совлада Тер Штеген.

„Баварците“ веднаш имаа шанса и за 3-0, а потоа чист зицер промаши Педри, кој ја погоди само стативата.

Ливерпул се мачеше се до финишот да дојде до победа над Ајакс, и на крајот успеа. Ајакс имаше бод во џеб, но на крајот „попушти“ и „црвените“ стигнаа до првата победа. Салах во 17. минута го однесе Ливерпул во предност, а 10 минути подоцна Кудус израмни со прекрасен гол. Немаше промена на резултатот се до 89. минута кога Матип погоди за првите три бода во ЛШ.

Изненадување направи Бриж, кој дојде до вториот триумф во ЛШ. После победата над Леверкузен на домашен терен, белгискиот тим го совлада Порто со убедливи 0-4 на гостински терен. Јутгла од пенал во 15. минута донесе водство, а потоа Совах во 47 и Сков-Олсен во 52. минута донесе 0-3 за гостите, користејќи ги огромните грешки на одбраната на Порто. Во 90. минута Нуса ги постави конечните 0-4.

Ајнтрахт Франкфурт благодерение на голот на Линдстром стигна до победа над Олимпик Марсеј, кој продолжува со лошата серија во Лигата на шампионите.

Баер Леверкузен и Атлетико Мадрид одиграа интересен натпревар со шанси, а на голови се чекаше до финишот на средбата. Откако пропушти многу шанси Леверкузен (погоди пречка и две стативи), Андрих во 84. минута успеа да го совлада Грбиќ и да донесе водство на својот тим. Диаби во 87. минута зголеми на 2-0, и го реши прашањето околу победникот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Standings provided by SofaScore LiveScore


Standings provided by SofaScore LiveScore


Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...