Во најинтересниот натпревар во 2. коло во Лигата на шампионите, Баерн го совлада тимот на Барселона со 2-0 на Алијанц Арена. Во фокусот на вниманието беше Роберт Левандовски, кој веднаш се врати во Минхен откако направи трансфер во таборот на „Каталонците“. Беше дочекан со помешани емоции меѓу навивачите. Имаше и такви кои го исвиркуваа, а имаше и такви кои му даваа аплауз на Полјакот.
Херој на мечот беше Мануел Нојер кој одбрани неколку обиди на Барселона, и благодарение на него и на среќата, Барса немаше водство уште на полувремето. Потоа во вториот дел Хернандез и Сане погодија во мрежата на Барселона за голема победа.
Навивачите на Баерн незадоволни што фудбалот на Островот застана поради смртта на кралицата Елизабета Втора. Освен тоа, УЕФА го одложи дуелот Глазгов – Наполи и го премести за денеска. Германските фанови сметаат дека нема потреба за одложување.
„Одложувања и забрани во последен час поради смртта на кралицата?! Почитувајте ги навивачите“, стои во транспарентот на навивачите на Баерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

