Тренерот на Барселона Чави, истакна дека е разочаран од поразот од Баерн Минхен на синоќешниот меч во Минхен. Легендата на Барса како вина за поразот го посочи големиот број на нереализирани шанси.
Чави истакна дека токму тоа ја направило разликата, односно дека додека Барса пропуштала шанси, Баерн бил немилосрден и казнувал.
„Разликата меѓу Баерн и нас е тоа што тие немаат милост пред противничкиот гол. Пропуштивме преголем број на шанси, а тоа во ЛШ сурово се казнува. Овој пораз е чекор назад, но не е реален приказ на она што се случуваше на теренот. Имавме само 6-7 шанси да поведеме во првиот дел, доминиравме но не направивме доволно да избегнеме пораз“, изјави Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

