Полицијата во Милано приведе 14 хрватски навивачи кај кои пронашла димни бомби, палки и неколку ножеви, пишува Газета дело спорт.
Во италијанскиот град се наоѓаат околу 4.000 навивачи на Динамо. Нив цело време ги надгледува полиција, па дури и мала воена единица за да се спречат какви било немири.
Натпреварот меѓу Милан и Динамо е закажан за 18:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

