Полската бајка на Евробаскетот 2022 продолжува понатаму како Полјаците славеа и над Словенија, елиминирајќи го актуелниот шампион во четвртфиналето за место меѓу најдобрите четири селекции на „стариот континент“.
Селекторот на полската репрезентација, Игор Миличиќ не го криеше задоволството по завршување на натпреварот велејќи дека неговите играчи имаат ј**ца како лубеници, а срце големо како месечината.
„Цело време говоревме како сакаме медал и еве сега сме многу блиску до медал. Пресреќни сме. Моите играчи имаат ј**ца како лубеници. Срце големо како месечината и пресреќни сме за тоа каде сме“, изјави Хрватот кој потоа имаше само комплименти за Матеуш Понитка кој оствари трипл-дабл учинок.
„Понитка е најдобриот играч во историјата на Полска. Тој е сеуште млад и неговото време допрва доаѓа. Неројатен лидер, тој е неверојатен играч“
Полска во полуфиналето силите ќе ги си одмери со Франција која два пати по ред по продолжение успева да се пласира во следната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

