Хрватите го претставија дресот за Мундијалот, Модриќ фасциниран (ВИДЕО)

Хрватскиот фудбалски сојуз и официјално ги претстави новите дресови на хрватската репрезентација кои актуелните светски вицешампиони за првпат ќе ги носат на претстојните натпревари од Лигата на нации.

Овие дресови Хрватска ќе ги носи на Светското првенство во Катар каде за противници ќе ги има селекциите на Мароко, Канада и Белгија.

„Исклучително сум горд што најмногу пати ја имав привилегијата да го носам прекрасниот хрватски дрес, па со нетрпение го очекувам новиот дрес кој ja следи препознатливата традиција. Тие магични црвено-бели полиња го прават хрватскиот дрес најпрепознатлив во светот, а новиот дизајн малку ме потсетува на 1998 година и на легендарниот тим кој ја инспирираше мојата генерација … Многу ми се допаѓа и атрактивниот дизајн и впечатливите бои на вториот дрес, сигурен сум дека ќе биде многу популарен кај нашите фанови“, изјави фасцинираниот Модриќ.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hrvatski nogometni savez (@hns_cff)

 

Се вчитува...