Рускиот тим Спартак Москва го даде на суд премиерлигашот Вест Хем поради тоа што не ја платил целата сума на пари за играчот Алекс Крал.
Вест Хем нема исплатено дел од сумата за едногодишната позајмица на играчот за врска во висина од 5,2 милиони евра. Трансферот требаше да се изврши на два пати.
Од Спартак навеле дека Вест Хем ја платил првата рата, а втората требало да се случи некаде кон почетокот на февруари. Меѓутоа Вест Хем ја уплатил сумата на сметката на ФА на Англија, а потоа почна и руската агресија врз Украина, по што британските банки донесоа забрана на префрлање на пари кон руските банки.
„Поради ова средствата биле вратени на сметката на Вест Хем. Клубот тврди дека не може да изврши плаќање а да го заобиколи ФА на Англија, а плаќањето е невозможно поради позицијата на банката“, соопшти Спартак.
Поради ова Спартак поднесе тужба во трибуналот на ФИФА. Одлуката се очекува на почетокот на ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА