Најголемата сензација на Евробаскетот 2022 е репрезентација на Полска која со вчерашната победа против Словенија се пласираше меѓу најдобрите четири селекции на „стариот континент“. Таму за противник ќе ја имаат селекцијата на Франција која пак во полуфиналето се пласираше со победа по продолжение над Италија.
Говорејќи за медиумите во пресрет на утрешниот натпревар (17 часот и 15 минути) кој за Полјаците ќе биде прва шанса за медал по 1967 година, Еј-Џеј Слотер за кој ова ќе биде последно Европско првенство вели неговата репрезентација може да приреди уште еден голем шок.
„Тоа беше неверојатна победа која ќе ја помниме целиот живот. Никој не мислеше дека ќе ја победиме Словенија, а ние испишавме историја. Франција е „ѓаволски добар тим“, но ние ги познаваме. Играв за тренерот Кол и бев соиграч со некои од Фарнцузите. Ќе искочиме на терен и ќе играме со истата полска гордост како досега. Зошто повторно да не го шокираме светот“, вели Слотер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

