Саудиска Арабија испратила понуда од 138 милиони евра до фудбалската федерација на Италија за откупување на правата за организација на италијанскиот Суперкуп во периодот од 2023 до 2028 година, пренесуваат италијанските медиуми.
Во оваа држава веќе неколку години се одржува Суперкупот на Шпанија, а по овој пример Арапите сакаат да го доведат во држвата и најдоброто од италијанскиот фудбал. Интересно, во јануари Суперкупот на Италија ќе биде одигран во Ријад, а на него силите ќе си ги одмерат Интер и Милан, но за истиот Италијанците ќе заработат „само“ осум милиони евра.
Доколку фудбалската федерација на Италија ја прифати понудата ќе следи и промена на форматот на натпреварување со тоа што четири тима ќе се борат за трофејот. Финалистите во Купот на Италија и двата најдобро пласирани тимови во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА