ФИБА отвори дисципинска постапка за „тепачите“ на мечот Грузија – Турција

ФИБА официјано отвори дисципинска постапка за инцидентот на натпреварот помеѓу Грузија и Турција од групната фаза на Евробаскетот. Мечот го Тбилиси го отслика тензична атмосфера, а турската репрезентација се пожали за напад на нивниот играч Фуркан Коркмаз во тунелот кон соблекувалните од страна на грузиски кошаркари и обезбедување.

Во овој момент никој не ја негира немилата сцена, а Гога Битадзе, Дуда Сандзе, Торнике Шенгелија и Фуркан Коркмаз можат да добијат драстични казни. ФИБА веќе ги прегледала снимките, а наскоро се очекува да донесе одлука.

„По наводите од двете национални федерации во врска со инцидентите на теренот по натпреварот на ФИБА Евробаскет 2022 меѓу Турција и Грузија, ФИБА отвори истрага на 5 септември 2022 година.

По внимателно разгледување на материјалот, вкулувајќи ја и снимката од видео надзорот, ФИБА отвори дисциплинска постапка за неспортско однесување против следните играчи: Гога Битадзе, Дуда Санадзе, Торнике Шенгелија, Фуркан Коркмаз и нивните соодветни национални федерации.

ФИБА побара од сите страни да го дадат својот став за истрагата пред да одлучат за какви било применливи дисциплински мерки“, стои во соопштението на ФИБА.

За ваков вид на однесување правилата на ФИБА налагаат од краткотрајна забрана за настап па се до долготрајна суспензија. Каков ќе биде епилогот од истиот останува да видиме.

Се вчитува...