ЛЕ: Трабзон и Манчестер Јунајтед стигнаа до првите победи, Митјиланд го декласираше Лацио

Трабзон на македонскиот интернационалец Енис Барди ја забележа првата победа во Лига Европа откако славеше на домашен терен против Црвена Звезда со 2-1. До победа домашниот тим стигна без услугите на Македонецот кој го проследи мечот од клупата.

Турскиот состав поведе преку Хамшик во 16. минута, а откако белграѓани останаа со играч помалку во 63. минута по исклучувањето на Кангва, Трезаге донесе 2-0 во 68. минута. Српскиот состав успеа да го убажи поразот со голот на Николиќ во 89. минута.

До прв триумф во натпреварувањето стигна и Манчестер Јунајтед кој го доби гостувањето против Шериф со 0-2 благодарение на головите на Санчо и Роналдо. Младиот Англичанец ја затресе мрежата во 17. минута, додека искусниот Португалец реализираше од белата точка во 39. минута за првенец во натпреварувањето.

Во останатите натпревари убедлив триумф запиша Фејенорд кој на домашен терен славеше против Струм Граз со 6-0, убедлив беше и Митјуланд против Лацио со 5-1, Ференцварош славеше на гостувањето кај Монако со 0-1, Фрајбург со 0-3 кај Олимпијакос, Карабак со 3-0 на домашен терен против Нант и Реал Сосиедад со 2-1 против Омониа.

Се вчитува...