Францускиот кошаркарски репрезентативец, Руди Гобер верува дека неговиот тим може да се пласира во финалето на Европското првенство во Берлин.
По новата трилер победа над Италија, Французите денеска ги очекува дуел против сензацијата Полска. Тој вели дека ќе продолжи да им се моли на боговите на кошарката…
„Ќе продолжам да им се молам на боговите на кошарката. Цело време доаѓаме до состојба на очај, а потоа го подигнуваме интензитетот. Мораме да се поправиме и да не дозволуваме да имаме падови како на секој друг меч“, изјави Гобер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

