Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез, вели дека е пресреќен што ќе вози на Големата награда на Арагон следниот викенд, што ќе биде негова прва трка по неговата четврта операција на раката.
Маркез на крајот на мај објави дека мора повторно да паузира поради операција на раката што ја повреди две години претходно, а на патеката се врати по точно 100 дена, на минатонеделните тестови во Мизано.
„Многу сум среќен што се враќам. Во Муџело не очекував дека ќе бидам тука или ќе се тркам повторно оваа година. Но, сè помина добро од самиот почеток, од операцијата. И чекор по чекор ситуацијата се подобруваше. Секако, за да ги исполнам целите што ги сакам, имам многу работа, но се беше позитивно по тестирањето во Мизано. Чувството што го имав кога го завршив тестирањето за мојата физичка состојба беше добро“, изјави Маркез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА