Откако во февруари стана најстариот играч кој запиша асистенција во Лигата на Европа, крилниот играч на Бетис, легендарниот Хоакин испиша уште еден рекорд во ова натпреварување. Тој стана и највозрасниот стрелец во Лигата на Европа.
Бетис вчера го совлада Лудогорец со 3-2, а вториот гол го постигна токму шпанскиот ветеран. Со 41 година и 56 дена, Хоакин сега и официјално е најстариот играч кој постигна гол во ова натпреварување.
„Пред почетокот на натпреварувањето им кажав на моите соиграчи дека ќе бидам рекордер, без разлика што и да направам, затоа што нема преголем број на играчи на мои години“, рече Хоакин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА